Од младо девојче со сон до зрела жена со свој стил и инспиративна порака…
Од 16-годишно девојче што освојуваше со својот моќен глас и непосреден шарм, до жена со бројни хитови зад себе и сопствен бренд за козметика ERA Cosmetics, Елена Ристеска сеуште блеска како симбол на македонската музичка сцена. Иако суштината на нејзиниот енергичен карактер се нема променето, денес таа му пристапува на животот со многу поголема смиреност и свесност.
Познатата пејачка ја започна кариерата уште во 2001 година, а меѓународна препознатливост стекна со настапот на Песна на Евровизија 2006, каде што ја претстави Македонија со хитот „Нинанајна“.
Љубов, пријателство и граници
2020: „Верувам во љубов за цел живот, затоа што верувам и во пријателство за цел живот.“
2026: Сѐ уште верувам во љубов која е возвратена и негувана од двете страни. „Само таква љубов, која дава грижа, емоција и нега, е вистинска љубов. Сѐ друго е еднонасочна улица или себичност.“
Елена открива дека вторите шанси во партнерството често се најголемите грешки и дека е важно да се учи од разочарувањата.
Моќта на сегашниот миг
2020: „Верувам во моќта на сегашниот миг.“
2026: Денес, таа живее во секој ден како подарок. „Си дозволувам само еден ден или два во месецот да ми бидат поминати во лошо расположение. Минатото е лекција, иднината ја визуализирам само во најубава форма.“
Оваа филозофија ја поткрепува со книги како „Моќта на сегашниот миг“ од Екхарт Тол, која ѝ помогнала да научи да го цени секој момент и да не потоне во грижи за минатото или иднината.
Искреност и граници
2020: „Кога еднаш ќе ме излажат, не верувам ни во сто вистини по таа лага.“
2026: Карактерот ѝ останал ист. Лагата за сериозни работи е неприфатлива, и таа ја практикува принципот дека простувањето не значи повторно влегување во токсични односи.
Можам да оправдам лаги само ако се поврзани со изненадување, на пример, роденден,“ открива Елена.
Уметност и автентичност
2020: „Отсекогаш сум била своја, дури и кога тоа значело да бидам осамена во некои избори.“
2026: „Јас отсекогаш знаев што сакам и што не сакам. Музиката е мојата емоција, утеха и надеж. Го создавам тоа што го чувствувам и не калкулирам.“
Елена е позната по својот креативен интегритет и нејзиниот избор на песни и проекти секогаш ја отсликуваат нејзината вистинска личност, а не само трендовите.
Зрелост, мир и посветеност
2020: „Секоја нова година ми носи повеќе мир и зрелост.“
2026: Како четириесетгодишна жена, таа тежнее кон мир, особено после трагедии што го погодиле нејзиното семејство и заедницата.
Елена јасно посочува дека без системски промени во државата, вистинскиот мир е тешко да се постигне.


Одбирам да не мислам на минатото, туку да го прифатам, а кога мислам на иднината, ја визуализирам само во најубава форма.“
Текст: Марија Лукаревска
Фото: Убавина и здравје, приватна архива