Додека многумина би побарале помош и поддршка во тешките моменти, Едина Муса уште еднаш покажа дека нејзиниот карактер е изграден од истата сила и дисциплина со која години наназад го одржува своето тело и дух.
Познатата фитнес-инспираторка и поранешна спортистка ги изненади своите следбеници со објава од болницата, откривајќи дека повторно ја очекува оперативен зафат – нејзина шеста операција на коленото.
Но, наместо страв и драма, Едина пристапи со препознатливиот оптимизам и хумор. Во Instagram Story таа сподели фотографија од болничкиот кревет, а претходно се пошегува на своја сметка дека сама пристигнала во болница со ранец.
Ако ништо друго, овие два дена ќе си ја дочитам книгата“, напиша таа, покажувајќи дека и во најтешките моменти успева да најде позитивна страна.
Последниот тренинг пред новата борба
Едина пред операцијата не се откажа од својата рутина. Напротив, само неколку дена претходно сподели видео од теретана и откри дека тоа е нејзиниот последен тренинг пред интервенцијата.
Таа објасни дека проблемот со коленото е последица на стара повреда на менискусот, која ја заработила додека играла финале со Струга. И покрај болката и ограничувањата, тогаш продолжила да се бори и да ги заврши натпреварите.

Имав болки, не можев нормално да трчам, имав ограничувања, но со вежбите со тежина немав проблем. Телото го подготвив за ова што следува“, сподели таа со своите следбеници.
Жена што не се откажува
Едина Муса со години е позната по својата посветеност кон спортот, здравите навики и активниот начин на живот. Нејзината дисциплина беше присутна дури и во најважните животни периоди – таа тренираше и непосредно пред раѓањето на својот син, а по породувањето брзо се врати на физичката активност и на својата препознатлива форма.
Токму затоа нејзината најнова објава предизвика бројни реакции кај оние што ја следат – не само поради операцијата, туку поради начинот на кој таа се соочува со предизвиците.
Без паника, без откажување и со насмевка – Едина уште еднаш покажа дека вистинската сила не се гледа само во мускулите, туку и во ставот со кој човек ги надминува најтешките моменти.
Сега ѝ претстои период на опоравување, а нејзините следбеници ѝ испраќаат поддршка и ѝ посакуваат брзо враќање на тренинзите.
Фото: Printscreen Instagram
Последниот тренинг пред новата борба