Добро друштво, внимателно одбрана гастрономија и врвни вина – комбинација што ја претвори оваа вечер во вистинско уживање за сетилата и искуство што долго ќе се памети.
Во амбиент исполнет со префинета енергија, внимателно одбрано друштво и врвно кулинарско искуство, се одржа ексклузивна дегустациска вечер, која ја спои современата гастрономија со богатството на македонската винска сцена.
Гостите имаа можност да уживаат во дегустациско мени инспирирано од македонската традиционална кујна, интерпретирана на модерен и креативен начин, со посебен акцент на локалните состојки, балансот на вкусовите и на естетскиот пристап во сервирањето.
Секоја кулинарска целина беше внимателно комбинирана со селекција на премиум-винатс од винаријата „Domaine Hermès – Lepovo“, чиј квалитет и препознатлив стил ја позиционираат како една од значајните точки на современата македонска винска сцена. Спојот на храната и виното резултираше со целосно сетилно доживување, каде што вкусот, аромата и атмосферата беа во совршена хармонија.
Медиумска и бизнис-елита на едно место
Посебна тежина на настанот му даде присуството на истакнати личности од медиумскиот и деловниот свет.
Меѓу поканетите, беа водителката и уредничка на највлијателниот лајфстајл-магазин „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, како и директорот на „Колор Медиа“, Александар Наков, издавач на единствениот ХоРеКа-магазин во Македонија – „Бар и Ресторан“.
Посмотреть эту публикацию в Instagram
Низ внимателно избраното четириследно мени, внимателно не’ водеше шеф Дејан Главчев, помогнат од членовите на својот тим. Сите вкусови беа совршено искомбинирани со Dane Hermes Wine“, сподели Јована Стојменовиќ.
„Maggio“ – домаќин со препознатлив потпис
За беспрекорната организација и вниманието кон секој детаљ се погрижи тимот на „Maggio“, кој уште еднаш демонстрира дека вистинското гостопримство се гради преку прецизност, стил и искрена посветеност на искуството на гостите.
Вечерта заврши во духот на елеганцијата, добриот вкус и инспиративните разговори, оставајќи зад себе впечаток на настан што го слави развојот на македонската гастрономија и нејзиното место на регионалната сцена.
Видео: Инстаграм