Душко Тошиќ донира пари во Домот за деца во кој израснал: Сиромаштијата ги принудила родителите да го остават таму

Фото: Инстаграм

Српскиот репрезентативец и сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, израснал во селото Орловат во близина на Зрењанин, во куќа полна со љубов, но со малку финансиски средства за живот.

 

 

View this post on Instagram

 

Dubai ☀️⚽️

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic) on

Родителите на популарниот фудбалер, поради сиромаштија, морале да го испратат во домот за сирачиња „Ангелина Којиќ Гина“, каде што се образувал и тренирал спорт, од кој успеа да заработи милиони.

Иако родителите често го посетувале, сепак за Тошиќ најмногу се грижеле вработените во институцијата. Откако станал голема спортска ѕвезда, Душко одлучил да им се одолжи и да им покаже дека не ги заборавил убавите моменти во тој дом.

Според пишувањата на српските медиуми, веќе десет години Тошиќ секоја година донира огромна сума на пари за да им овозможи подобри услови за живот на децата кои живеат таму.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic) on

Екипата на „ВИП-магазин“ го посетила домот за деца, а близок пријател на фудбалерот открил дека Душко не сака никој да знае за неговите хуманитрани дела.

Само блиските луѓе знаат како му влијаеше тоа што порасна во дом за деца. Често со насмевка на лицето знае да се потсети на одредени случувања. Никогаш не криеше дека пораснал таму, а со првиот договор вети дека ќе им помага на луѓето кои му помогнале кога немаше ништо. Поминаа десетина години откако првпат донираше пари, а потоа стана традиција“, вели изворот и додава дека Тошиќ сака да купи мини стадион и опрема за фудбал за сите деца кои живеат
таму, а сакаат да се занимаваат со овој спорт.

Од друга страна, вработените во домот за деца не сакаа да зборуваат за донациите на фудбалерот, но открија дека се гордеат со него.

Душко отсекогаш беше добро и скромно дете. Сакаше да тренира. Кај нас беше три години, родителите често го посетуваа. Верувајте ми, ако постои добар човек, тогаш тоа е Душко“, изјави еден од вработените.

Новинарите го посетиле и родното место на Тошиќ, а првиот сосед откри зошто Душко одлучил да им направи нов дом на родителите.

Откако почна да ниже спортски успеси, зборуваше дека на своите ќе им направи дом. Душко ги плати најдобрите работници, а домот беше изграден за помалку од три месеци. Се изненадив кога изгради куќа која не се разликува од другите куќи во селото. Парите не го променија“, вели Живадин и додава:

 

View this post on Instagram

 

⚽️

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic) on

Кога ќе дојде со ќерките задоволство е да ги гледате како играат во дворот. Не ги заборава ни соседите, прашува што треба, помага и финасиски, иако никој не му бара пари. Слушнав дека помага и во Домот за деца каде што порасна“, вели првиот сосед на Душко.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.