Дошол со мајка му на Вимблдон, а жените паднале во несвест: Овој човек има стил!

Дејвид Бекам

Вимблдон традиционално претставува собир на огромен број познати личности, па така во ВИП-ложата бил виден и Дејвид Бекам, и тоа во совршено модно издание

Славниот фудбалер и сопруг на Викторија Бекам, откако ја прославил 23-годишнината од бракот во Париз и Венеција со својата сакана, успеал да стигне и на Вимблдон, каде што се појавил рака под рака со мајка му. Познат како човек со стил и како еден од најпожелните мажи на денешницата, ретко која жена би можела да му одолее.

Бекам пристигнал на турнирот во друштво на мајка му Сандра, а овој 47-годишен фраер бил одлично расположен и цело време лицето му го красела широка насмевка, додека уживал во врвните партии тенис, како во женското, така и во машкото четвртфинале.

Згодниот Британец нè воодушеви со ноншалантната елеганција и комбинација на која е невозможно да ѝ се најде маана, дури и ако сте многу строги критичари. Дејвид заблескал во лежерно, кафеаво сако со дворедно закопчување и бели панталони, а сето тоа го заокружил со интересни детали.

Имено, Бекам ѝ дал посебен печат на комбинацијата, благодарение на интересниот микс на дезени – кошула со линии и вратоврска со точки!

Како ви се допаѓа ова издание на поранешниот фудбалер?

БЕКАМОВИ слават 23 години брак: ЕВЕ што изјавија за нивната љубов!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.