Досега невидени фотографии од венчавката на Драгана Мирковиќ (ФОТО)

По две децении, испливаа во јавност

На 28 септември 2000 година, тогаш мегапопуларната Драгана Мирковиќ се омажи со бизнисменот Тони Бијелиќ во Виена, во присуство на 20-тина гости. Венчавката на фолк-пејачката помина во тајност и јавноста немаше можност да види фотографии од неа.

Да, кажав ‘да’ и испратив само една фотографија во медиумите. Тони и јас се венчавме во општината, тоа беше скромна прослава. Беше време на санкции, и никој од моите не можеше да присуствува, едноставно, не успеав да им извадам виза. Затоа имавме малку гости. Дури и семејството на Тони не беше комплетно. Бевме дваесеттина души, и без разлика на тоа што ми неодтасуваа моите, спека, тоа беше најубавото и најромантичното венчавање, бидејќи толку искрено сакав и толку бев среќна што ми беше сосема доволно во тој миг“, открива Драгана.

Иако венчавката на Драгана и Тони била скромна, сепак големата прослава не изостана неколку години подоцна…

Кога ги крстевме децата, имавме голема прослава и не’ имаше толку многу што ја окупиравме Виена. Знаеш како е кога ќе се собере фамилијата, Србија, Босна, кога ќе тргне екипата,ма, не прашувај ме! Прво имавме увертира со Моцарт, па Џорџ Мајкл, а на крај и народна музика“, раскажа пејачката со насмевка на лицето.

Фото: Printscreen Youtube

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.