Додека неговата 22 години помлада жена цути, тој пропаѓа: Лицето му се изобличило поради ботоксот и желбата да ја сочува младоста!

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин

Силвестер Сталоне ѝ посветил објава на Инстаграм на сопругата Џенифер Флавин, со која слави 24 години брак и има три ќерки за кои многумина коментираат дека убавината ја наследиле од мајка им

Познатиот снагатор Силвестер Сталоне (74) се оженил во 1997 година со 22 години помладата убавица Џенифер Флавин, но за малку ќе останел без неа поради неговата поранешна девојка.

Силвестер во понеделникот ѝ посветил објава на Инстаграм на својата сопруга, со која прославил 24 години брак.

„Среќна 24-годишнина од бракот! Времето лета, но имам благословен живот, благодарение на мојата сопруга и семејство“, истакнал актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)


Обожавателите на Сталоне се придружиле на честитките, а на фотографијата на која позирал со Џенифер, можела да се види голема разлика во нивниот изглед. Имено, додека  таа изгледа прекрасно и многумина често истакнуваат дека нивните ќерки ја наследиле убавината од неа, на лицето на Сталоне се гледаат последиците од премногу ботокс и други козметички зафати, на кои подлегнал за да го забави стареењето.

Актерот и поранешната манекенка Флавин, која сега се занимава со претприемништво, имаат ќерки Систин (22), Скарлет (18) и Софија (24). Двојката ја започнала врската на почетокот на 1990-те, но потоа Сталоне ѝ раскинал на Џенифер преку писмо, поради некогаш славната супермоделка и секс-симбол, Џенис Диксон (66).

Џенис му кажала на актерот дека носи негова ќерка и се свршиле, но кога ја родила Савана, прекинале. Имено, ДНК тест покажал дека тој не е татко на детето. Џенис во автобиографијата No Lifeguard On Duty од 2002, открила дека спиела со тројца мажи растојание од неколку дена. Излегло дека таткото на нејзината ќерка е филмскиот продуцент Мишел Бирнбаум.

За среќа, Џенифер му дала втора шанса на Сталоне откако се покажало дека Џенис го изневерила, а тој сакал да постапи правилно. Инаку, Силвестер станал опседнат со естетските зафати, исто како и неговата покојна мајка Џеки Сталоне, па повеќе не им е миленик на жените како некогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)


Актерот почнал со корекции пред десетина години, а многумина сметаат дека тоа е штета, бидејќи било интересно да се гледа на филмското платно. Сепак, јавноста се надева дека неговите занесни ќерки, со кои често се фали, нема да тргнат по неговиот пат.

Ја изневерувал каде ќе стигне, а таа го чекала и се надевала: Како Силвестер Сталоне станал верен сопруг?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.