Додека актерот јавно се кае, бившата сопруга само се смешка: „Разводот беше мојата најголема животна грешка!“

Исповед

Зажалил за сите гревови, но изгледа сега е доцна

Бен Афлек признал: најголема грешка во животот му е тоа што се развел од Џенифер Гарнер!

Актерот се потсетил на својот порок, алкохолот, кој придонел за распадот на неговиот брак.

„Пиев релативно нормално подолг период. Но потоа почнав да пијам се’ повеќе и повеќе, кога мојот брак почна да се распаѓа. Тоа беше во 2015 и 2016 година. Моето опивање предизвика и материјални проблеми“, изјавил Бен Афлек за „Њујорк Тајмс“.

Во 2018 година, Бен и Џенифер се развеле по 13 години брак, а денес делат старателство над три деца: Виолет (14), Серафин (11) и Сем (7).

„Најголема грешка во мојот живот е тоа што се разведов. Срамот навистина е токсичен. Ништо позитивно не се случува по срамот. Постои само токсично, ужасно чувство на помала вредност. Сега знам дека направив грешка. Направив многу работи поради кои се каам, но морам да станам и да научам нешто од ова, да се обидам да напредувам…“

Бен признал дека е еден од оние луѓе што имаат компулсивно однесување:

„Се обидувам да се чувствувам подобро со јадење, пиење, секс и коцкање, но тоа само ми го влошува животот. Работам на тоа срамот и непријатноста да исчезнат. Но тогаш, всушност започнува вистинската болка. Тоа е маѓепсан круг од кој тешко може да се излезе. Тоа барем ми се случуваше мене“, признал тој.

И додека Бен (47) за време на разделбата, а подоцна и разводот, се гледал со дупло помлади девојки, парадирал со нив пред очите на јавноста, покажувајќи колку е среќен. Џенифер за тоа време се грижела за децата и нивните училишни активности, честопати без шминка и во обична гардероба.

Никогаш никој не можел да ја поврзе со некаков скандал. Неодамна почна да се зборува дека нашла нова љубов, додека актерката на сите претпоставки само се смешка.

Изгледа Бен конечно сфатил дека изгубил една сериозна и приземна жена.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време