Дизајнерката Коцарева како сирена во Охридското езеро: На ОВА никој не може да остане рамнодушен!

Модната дизајнерка Моника Коцарева летово ужива во секој миг поминат во нејзиниот роден Охрид. Опкружена со најблиските пријатели и семејството, таа ги користи сончевите денови за релаксација на Охридското Езеро, а со најновите фотографии и видеа повторно го привлече вниманието на своите следбеници.

Моника се појави на глисер, каде што пленеше со романтичен стајлинг и беспрекорно избран аутфит кој совршено се вклопи во магичната атмосфера на езерото. Нежните материјали, природната елеганција и ненаметливата убавина направија да изгледа како вистинска сирена која излегла од охридските води.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monika Kocareva Ergić (@mkocareva)

Нејзиниот префинет моден вкус уште еднаш дојде до израз, а многумина во коментарите не штедеа комплименти за нејзиниот изглед. Фотографиите и видеата од пловидбата предизвикаа бројни воздишки на социјалните мрежи, потврдувајќи дека Моника знае како да ја спои природната убавина на Охрид со сопствениот препознатлив стил.

 

Со својата нежност, харизма и впечатлива појава, модната дизајнерка уште еднаш покажа дека едноставноста и елеганцијата се секогаш најубавата модна комбинација.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе