Драган Темелков – Џони, СТАНУВА ТАТКО
Драган Темелков – Џони е име што со децении кружи по македонските кафани како симбол на вистинска жива свирка. Иако зад себе нема официјален авторски хит, неговиот глас и харизма се доволни за да биде препознатлив каде и да се појави. Повеќе од 22 години е на сцена, а кафанџиите го знаат како човек што секогаш прави атмосфера „до даска“. На околу 42 години, Џони важи за еден од оние пејачи што стареат со стил – без скандали, но со многу приказни. Низ годините важеше за миленик на женската публика и не криел дека љубовниот живот му бил динамичен.
Никогаш не застана пред олтар, но очигледно – срцето му го најде својот ритам.

Неодамна, на интимна свирка кај неговиот близок пријател Никола (Дион), Џони направи момент што долго ќе се прераскажува.
Додека ја пееше емотивната „Синко мој“, ненаметливо ја бакна својата партнерка во стомак. Со тој гест, без зборови, откри дека ќе стане татко.
Публиката веднаш сфати – ова не беше обична интерпретација, туку лична исповед.
Неговата партнерка, со која е во врска речиси една година, е десетина години помлада од него, но очигледно е центарот на неговиот свет. Бременоста ја прифатија далеку од помпезност, во стил што совршено му прилега на Џони. Колегите велат дека одамна не го виделе посмирен и посреќен. Од боем на ноќта, полека влегува во нова животна улога.
И можеби токму ова поглавје ќе биде неговиот најголем „хит“.
Без студио, без спот, но со вистинска емоција.
Џони докажува дека ѕвезда не се станува со песни на Јутјуб, туку со душа што пее – и кога светлата ќе се изгаснат.
Текст.А.Н