Џипот на музичарот се задржал на гранките 10 метри над провалијата, а тој сè уште во кома (ФОТО)

Тешка сообраќајна незгода

Познатиот композитор и фронтмен на групата „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ (65) сè уште е во кома по вчерашната сообраќајка, во која со својот џип „фолксваген тигуан“ излетал од патот во Горски Котар.

Според полицијата, славниот музичар поради неприспособена брзина излетал од коловозот по  излезот од остар лев свиок што се искачува по угорница, а потоа со џипот собрал камено ѕидче и дрво слива, на чии гранки застанало возилото околу пет метри под патот, десетина метри над бездната.

Утврдено е дека околу 17.15 часот на 30 јули 2020 година на ул. „Коса“ во ова планинско место Дујмиќ ја изгубил контролата врз возилото и паднал во бездна длабока околу 11 метри. Поради здобиените повреди бил пренесен во КБЦ Риека, соопштила полицијата. Тој бил сам во возилото.

Во Клиничкиот центар во Риека потврдиле дека пациентот поради тешките телесни повреди е сместен во единицата за интензивно лекување и дека неговиот живот е во опасност, како и дека се преземаат сеопфатни мерки за лекување.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.