Џенифер Лопез (51) и Алекс Родригез (45) годинава требаше да ги разменат венчалните завети и да го изговорат судбоносното „да“. Но поради пандемијата на коронавирусот, плановите им паднаа во вода, а популарната пејачка и актерка откри како се чувствува поради одложувањето на венчавката со поранешниот бејзбол-играч.
Срцето ми е скршено што ја одложивме нашата венчавка. Имавме навистина одлични планови врзани за тој настан. Сепак, верувам дека Бог има поголеми планови за нас и дека треба да бидеме трпеливи и да почекаме за да видиме како ќе се одвиваат работите. Се разбира, тоа е големо разочарување за мене, затоа што планирав да земам одмор по Супербол и завршувањето на снимањето на ‘Светот на танцот’ за да можам целосно да му се посветам на планирањето на нашата венчавка, но сега се’ е на чекање“, се пожали несудената невеста.
Инаку, свршениците неодамна ја продадоа и заедничката вила што ја поседуваа во Малибу, а како изгледа лускузната недвижнина, можете да погледнете ТУКА.
Фото: Инстаграм, Getty Images