Џенифер Анистон ги искоментира фотографиите на кои Бред Пит ја држи за рака (ВИДЕО)

Мошне „елоквентно“

Многубројните обожаватели на популарните актери Бред Пит и Џенифер Анистон дефинитивно уживаа во фотографиите што ги преплавија медиумите и социјалните мрежи. На нив се гледа средбата на бившите сопружници зад сцената на доделувањето на филсмките награди SAG, но и многу повеќе од тоа – јасно е дека страста меѓу нив се’ уште постои.

 

Покрај фотографијата на која Бред Пит ја задржува за раката, големо внимание привлече и видеоклипот што ја долови реакцијата на Бред кога Џенифер ја освои наградата.

По церемонијата на доделување на наградите, новинарка ја замоли Џенифер за коментар, а кога го спомна Бред, таа кратко рече:

Тоа е слатко“.

Актерката продолжи да зборува за тоа дека оваа награда многу и значи, бидејќи доаѓа од колегите.

Сите растевме заедно и се чини дека ова е забавна ноќ, во која можеме да навиваме едни за други. Убаво е да се собереме и да излеземе, да ги поддржуваме своите пријатели и нивната работа, да се инспирираме едни со други за да продолжиме со работа. Како што рече Бред: утре повторно сме на работа“, заврши Џенифер.

Фото: Инстаграм

Видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.