Џастин Тимберлејк конечно се огласи по повод на прељубата

Јавно извинување до сопругата и семејството

Минатата недела во медиумите осамнаа фотографии од популарниот Џастин Тимберлејк и друга жена, поради кои сите се шокираа.

Според The Sun, 38-годишниот пејач и актер е виден како се држи за рака со атрактивна бринета, актерката Елиша Венврајт.

Имено, Џастин и неговата колешка се „фатени“ за време на дружбата во Њу Орлеанс, каде што снимаат филм. Иако во почетокот се шпекулираше дека станува збор за сцена од филмот, се потврди спротивното, а на фотографиите јасно се гледа дека се многу блиски, особено на онаа на која се гледа дека раскошната бринета ја држи раката на коленото на Џастин.

Меѓутоа, извор близок на актерите откри за споменатиот портал дека тоа што го гледаме на фотографијата е – пријателски.

И покрај тоа што обожавателите чекаат објаснување од Џастин, многумина мислат дека Џастин ја изневерува сопругата Џесика Бил, со која го има 4-годишниот син Силас.

Иако досега молчеше, одлучи да одговори во своја одбрана и во одбрана на својот брак.

Отсекогаш избегнував трачеви, но овој пат мора да се огласам – поради моето семејство. Гледам дека ова влијаеше на луѓето што ги сакам. Пред неколку дена бев цел на киритки, но сакам јавно да истакнам – меѓу мене и колешката ништо не се случи. Премногу испив таа вечер и не сум горд на своето однесување. Требаше да постапам подобро. Таквото однесување не е добар пример кој сакам да му го пренесам на мојот син. Во оваа пригода сакам да и’ се извинам на сопругата. Сега ќе се фокусирам да бидам подобар сопруг и татко“, напиша во објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake) on

Фото: Guliver Getty, Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.