Џастин Бибер се расплака зборувајќи за Били Ајлиш: Ова е нејзината реакција на неговите солзи (ВИДЕО)

Обожавателите на Били Ајлиш знаат дека Џастин Бибер ѝ е идол од детството, а сега стана јасно дека и таа нему, во најмала рака, му е драга.

Имено, во интервју за Apple’s Music, канадскиот пејач се расплака зборувајќи за младата колешка.Тој изјави дека сака да ја заштити бидејќи и нему му било тешко кога на нејзини години влегол во светот на музичката индустрија.

Тешко ми беше толку млад да станам дел од музичката индустрија, не знаев каде да се свртам, сите ми кажуваа дека ме сакаат и, знаете, во секунда ми го вртеа грбот“, изјави Џастин, кој неодамна отворено проговори за својата битка со депресија и анксиозност, додавајќи: „Би сакал да продолжи да ги прави работите по свое, а ако некогаш ѝ затребам, тука сум за неа“.

https://www.youtube.com/watch?v=XmH45udT8ag

И Били не остана нема на солзите на својот идол од детството, па видеоснимката од интервјуто ја сподели на својот инстаграм-профил со серија фотографии од својата детска спална соба преполна со постери од својот идол. Го додаде и описот:

Текот се смени“.

 

View this post on Instagram

 

stream changes

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish) on

Џастин ѝ возврати со „Те сакам“, на што се надоврза и неговата сопруга Хејли Болдвин со емотикон срценце.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.