Денеска е погребот на кралицата Елизабета Втора: Настанот го следат 4 милијарди луѓе ширум светот

Последен поздрав

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора пет дена стоеше во Весминстер хол, а покрај него поминаа повеќе од 400 илјади луѓе за да ѝ оддадат почест.

Таа е погребана денеска на овој историски ден во кој воедно претставува најголем собир на државните службеници и припадници на благородништвото во овој век.

Околу два милиони ожалостени луѓе се собраа во Лондон, Виндзор и преостанатите места во Велика Британија каде што кралското семејство има свои седишта, а се верува дека погребот го следат повеќе од 4 милијарди луѓе ширум планетата.

Се очекува дека околу 2 илјади луѓе ќе се соберат во Вестиментерската опатија, вклучувајќи го и принцот Џорџ и принцезата Шарлот, како би можеле уште еднаш да ѝ оддадат почест на кралицата, откако во замокот Виндзор ќе почне и официјалната служба.

Погребот почна во 11 часот, а пред почетокот на службата, ѕвоното се огласи 96 пати во 96 минути, во чест на секоја година од животот на кралицата. Во 11 часот и 55 минути се означи почетокот на националните две минути тишина, а потоа кралскиот оркестар ја отсвири националната химна. Дваесет минути подоцна традиционално следеше патека долга пет километри од Вестминстерската опатија до замокот Виндзор, а последната служба се одржа во 16 часот.

Инаку, погребот го обезбедуваа повеќе од 10.000 полицајци од целото Обединето Кралство, а експертите акцентираат дека ова е најголемиот безбедносен подвиг на една земја, поради присуството на големиот број државници од целиот свет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.