Денес „принцезата на народот“ ќе наполнеше 59 години: Во среќавање на славната Дајана

Принцезата Дајана, мајка на принцовите Вилијам и Хари, доколку не загинеше во сообраќајната несреќа во 1997 година, денес ќе наполнеше 59 години. Последниот, 36. роденден, о прослави само два месеци пред својата смрт и една година по разводот со принцот Чарлс.

Поранешната принцеза од Велс наполни 36 години на 1 јули 1997 година, една година откако таа се разведе од принцот Чарлс.

Дијана беше фокусирана на обновата на својот живот, како што рече во познатото интервју за магазинот „Венити фер“, кое беше објавено вечерта на нејзиниот роденден.

Тоа роденденско утро, Дајана добила подарок од дизајнерот Жак Азагури: прекрасен црн фустан што го доставил во палатата Кенсингтон. Принцезата добила и 90 букети цвеќе.

Во тоа време, 12-годишниот принц Хари бил во училиште во Беркшир.

Според биографијата „The Diana Chronicles“, напишана од Тина Браун во 2007 година, младиот принц ја повикал својата мајка и посакал среќен роденден, па дури и собрал неколку пријатели да и’ отпеат песна преку телефон.

Наместо да приреди раскошна роденденска забава таа вечер, Дајана присуствувала на добротворна церемонија за собирање финансиски средства во лондонската галерија Тејт, во организација на Шанел.

Таа вечер, Дајана носела фустан што Азагури го направи за неа, што ќе стане едно од нејзините најпознати изданија. Кога пристигнала на настанот, добила повеќе подароци, вклучувајќи балони и цвеќиња, од фановите собрани пред галеријата.

Дајана била придружувана на настанот од страна на нејзиниот брат Чарлс Спенсер. За жал, тоа ќе биде последен пат кога тој ја видел својата сестра.

Речиси два месеци по 36-от роденден на Дајана, на 31 август 1997 година, принцезата почина во сообраќајна несреќа во тунел во Париз.

Во говорот на нејзиниот погреб, нејзиниот брат Чарлс се потсети на нејзиниот последен роденден, велејќи дека таа „блескала“.

Последниот пат кога ја видов Дајана беше на 1 јули, на нејзиниот роденден, кога, вообичаено за неа, немаше време да го слави специјалниот ден со пријателите, туку беше почесна гостинка на хуманитарна манифестација – рече тој.

Во последните месеци од нејзиниот живот, принцезата целосно се сврте кон хуманитарната работа и филантропија.

Сега ништо не ми дава повеќе задоволство отколку да ги сакам и да им помагам на оние кои се најранливи во нашето општество – рече таа за „Венити фер“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.