Дејвид Швимер најави снимање на „Пријатели” во август

Одлични вести за обожавателите

HBO Max ги менува своите планови да ги собере „Пријатели“, па поради пандемијата на коронавирусот, најавената специјална епизода треба да се снима во карантин во август, откри Дејвид Швимер!

Целиот тим на „Пријатели“, кој заедно со Швимер го сочинуваат Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудро, Метју Пери и Мет Лебланк, требаше да го снима специјалното шоу во март, но епидемиската состојба околу пандемијата ја запре целата филмска индустрија.

„Можеби тоа ќе се случи во август, средината на август“, рече Швимер на вечерното шоу, додавајќи: „Искрено, ќе мора да почекаме и да видиме уште една недела, две за да видиме дали е доволно безбедно за да се стори тоа. Ако не, ќе почекаме додека не биде“.

ФОТО: Instagram

Швимер додаде дека тој и неговиот добро познат тим од култната комедија би сакале да направат „special“ што треба да се снима во оригиналното студио Бурбанк во Калифорнија.

Наводно, секој „пријател“ – Рос, Рејчел, Моника, Фиби, Чендлер и Џои – ќе заработи од 2,25 до 2,5 милиони долари за ова специјално шоу. Серијата „Пријатели“ е снимена во вкупно десет сезони, од 1994 до 2004 година, па дури и денес не ја изгуби својата популарност.

Прочитајте и: Сандра Булок, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кукс, Сара Полсон и Холанд Тејлор на исто место по овој повод (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.