Дечкото на бремената Анѓелка закажал свадба во ресторанот на нејзиниот поранешен маж: Го прашал да му биде кум, а потоа ја оставил девојката по 11 години врска

Шоубизнис

Дечкотo на Анѓелка Прпиќ со која го чека детето, Марко Ж. ја закажа свадбата во ресторанот на поранешниот маж на актерката, Дарио Прпиќ.

Година дена пред да се разведат Анѓелка и Дарио, Марко планираше да се ожени со девојката со која беше 11 години во врска.

„Марко во 2019 година сакашe да направи прослава во ресторанот на Дарио во центарот на градот. Жугиќ го прашал Прпиќ да му биде кум, бидејќи се дружат уште од средношколските денови. Дарио веднаш го прифатил кумството. Тогаш кога се се договориле, ресторанот на Прпиќ го затворила противпожарна инспекција, па морале да ја откажат прославата“, ја започна приказната изворот близок до Анѓелка и Дарио.

Марко не сакал да се откаже од венчањето, па тогаш кога требало да закажат нов датум, почна корона вирусот.

„Набрзо сите ресторани беа затворени, на сила стапи полицискиот час, па Марко и неговата вереница ја пролонгираа свадбата за некои подобри времиња. Меѓутоа, до тоа не дошло бидејќи Марко се заљубил во Анѓелка. Бидејќи не сакал да седи на две столици, веднаш ја остави тогашната вереница“.

Соговорникот додава дека таа била шокирана кога Марко на почетокот на годината сакал да раскинат.

„Не можеше да поверува дека тоа и` се случува после 11 години врска. Мислела дека се шегува. Требало да се венчаат, а наместо тоа следела разделба. Уште кога дозна дека вереникот ја оставил поради другарката, и` се срушил светот. Веднаш ја блокирала Анѓелка на сите социјални мрежи“, заврши изворот.

Актерката со Марко ја започнала врската во март, а во август дознала дека е во блажена состојба. Таа од Дарио, со кој има син, се разведе во 2020 година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.