Дарко Лазиќ проговори по претпоставките за можна венчавка: „Каква тајна свадба?“

Шоубизнис

Дарко Лазиќ стави точка на приказната за тајната венчавка.

Во медиумите пред неколку дена како бомба одекна веста дека пејачот Дарко Лазиќ повторно се оженил и тоа во тајност, а на самиот чин на венчавката со новата изабраничка Катарина не присуствуваше ни неговата мајка Бранка Лазиќ.

Јавноста шпекулираше, а пејачот се до денеска не потврди ништо, но не ни демантираше, дури и самиот се шегуваше за „венчавањето“, па на својот Инстаграм закачуваше фотографии на кои се наоѓаат младенци.

Пејачот сега откри бројни детали од заедничкиот живот со Катарина, која му беше девојка пред бракот со пејачката Ана Севиќ, со која ја има ќерката Лорена.

Фолкерот низ шега призна дека не му е проблем што живее во станот на фитнес инструкторката и што таа, како што вели, го издржува, бидејќи се познаваат 14 години. Додека штедат за заедничка недвижнина, Дарко и Катарина живеат заедно во нејзиниот стан во Нови сад.

„Таа ги плаќа сите сметки, јас само го полнам фрижидерот. Таа е мојот личен возач, бидејќи немам дозвола и не можам да возам. Сега намам пари, но собирам пари да купам стан за Катарина и мене во Нови сад“, вели пејачот, па додаде:

„Знам дека многумина нема да ми веруваат, но сериозно немам пари за недвижнина. И понатаму собирам пари да купам стан во Нови сад. Катарина е врзана за тој град, па тука ќе живееме“, вели тој.

Дарко се` уште не ја побарал девојката, иако се зборува дека тие веќе се венчале, по втор пат, бидејќи двајцата имаат брак зад себе.

„Какво црно тајно венчање? Кога ќе се женам, ќе слушнете од Војводина до Пирот. Ќе направам прослава која ќе трае три дена, со 1000 поканети гости. Ќе се јаде, ќе се пие домашна ракија… Ќе организирам голема традиционална свадба. Ако даде Бог, следната година ќе се венчаме. Одвај чекам, бидејќи никогаш не сум бил посреќен. Конечно покрај себе имам личност која безусловно ја сакам и која мене ме сака“, откри Дарко, пишува српскиот Информер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.