Даниел Кајмакоски се огласи од болницата: „Да оставиме надлежните да си ја завршат работата“

Ја обвинил бившата дека му ставила нешто во кафето

Веста дека Даниел Кајмакоски во петокот, на 17 април, 2021 г. бил примен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, откако почувствувал слабост, се прошири со брзина на светлината.

Даниел Кајмакоски (38) на својот фејсбук-профил се заблагодари за целата поддршка и им порача на медиумите да остават службите да го расчистат случајот со неговото труење.

На сите мои пријатели и фанови сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница. Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации. Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“ – стои во јавното обраќање на Кајмакоски. (Текстот продолжува по огласот).

Инаку, веста дека пејачот Даниел Кајмаковски е стружанецот што поднел кривична пријава против бившата сопруга заради наводно подметнување некакво средство во кафето што двојката го пиела во парк во Тетово, по што тој завршил во болница, деновиве осамна во медиумите.

Која е вистината за хоспитализирањето на пејачот, времето ќе покаже.

Фото: Printscreen Facebook

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.