Да се наежиш: Почина обвинетиот за смртта на ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун

Дрогата им пресуди на мајката, ќерката, свршеникот

Во 2012 година светот го потресе веста за смртта на популарната пејачка Витни Хјустон, која беше пронајдена мртва во кадата во хотелската соба токму пред доделувањето на греми-наградите. Стручните лица соопштија дека причина за смртта на тогаш 48-годишната пејачка со раскошен глас било срцево заболување и голема доза на кокаин.

Во 2015 година нејзината тогаш 22-годишна ќерка Боби Кристина Браун, која ја доби во бракот со Боби Браун (50), со кого се разведе во 2007 година и за кого се шпекулираше дека ја навлекол на дрога , исто така беше пронајдена во када, без свест, и почина по шест месеци поминати во кома.

Нејзиниот тогашен свршеник Ник Гордон (30) беше обвинет од страна на семејството дека и’ дал „отровен коктел од дрога“, по што и’ ја потопил главата во вода и со тоа и’ го оштетил мозокот. Тој никогаш не беше обвинет до страна на судот за ова дело, но беше за други кривични дела.

Во новогодишната ноќ 2020 година, светот го напушти и Ник Гордон, кој почина од срцев удар предизвикан од предозираност.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.