Еден човек купил детектор за метал за да истражува, но по два дена налетал на вистинско богатство
Кога започнуваме ново хоби, обично очекуваме бавен напредок. Но еден маж од Велика Британија уште на второто негово излегување со новиот детектор за метал, пронашол богатство.
Неговиот посинок ја споделил неверојатната приказна на Редит:
„Моите родители се преселија во Велика Британија пред околу четири месеца, а мојот очув одлучи да набави детектор за метал како хоби. Денес му беше вторпат (покрај тоа што го тестираше дома) како го користи. Досега, најдобар пронајдок му беше монета од 1904 година… но потоа од земјата го извлече ова.“
Stepdads second metal detecting trip ever. No words.
byu/tanman0123 inmetaldetecting
Нашол златен прстен, по што археолозите почнале со ископување
Открил златен прстен за кој експертите веруваат дека потекнува од саксонскиот период, веројатно прстен со белегзија, со оглед на големината. Само неколку метри подалеку, пронашле и златна глава на птица, што предизвикало сомнеж дека станува збор за закопано богатство.
По откритието, наоѓалиштето речиси веднаш било затворено, а археолозите започнале со ископување. Со оглед на тоа што станувало збор за потенцијално вредни и историски значајни предмети, сè мора да помине низ официјална процедура.
Според законот, вредноста треба да се подели помеѓу среќниот пронаоѓач, оној кој што го пронашол закопаното богатство и сопственикот на земјиштето.
„Вкупната вредност ќе биде поделена: 1/4, 1/4, 1/2“, навело семејството.
Интересно е што во истата дупка биле пронајдени и други предмети кои сè уште не се извадени, бидејќи копањето било сопрено додека археолозите ја преземат работата.

На социјалните мрежи веста предизвикала лавина реакции
Еден корисник коментирал:
„Неверојатна е помислата дека ти си првиот што ги допрел тие предмети по многу векови. Честитки за фантастичното откритие!“

Друг додал:
„Доволно имам гледано Тајм Тим за да знам колку е лудо ова откритие. Археолозите го поминуваат целиот свој живот копајќи и најчесто никогаш не пронаоѓаат нешто толку посебно.“
Се огласил и пензиониран археолог:
„Пронајдоците на твојот очув значително придонесуваат за археолошките и историските записи. Финансиски добро ќе помине, но уште поважно е тоа што ова е бесценет придонес за историјата.“

Она што започнало како обично хоби, брзо прераснало во историска сензација. Откривањето на саксонското злато е потсетник дека под нашите нозе можеби лежи нешто многу повредно одошто мислиме, а понекогаш доволно е само малку љубопитност и детектор за метал за да се разоткрие историјата.
ФОТО: РЕДИТ