Бурното љубовно минато на Јелена Карлеуша: Убиство на свршеникот, развод со првиот сопруг…

Подеми и падови

Фото: Инстаграм

Денес важи за една од најпопуларните јавни личности во регионот, која води луксузен живот и гламурозен животен стил, но на почетокот на кариерата, Јелена Карлеуша (42) беше доста различна од поп-дивата што ја знаеме денес. Доста млада, таа ја имаше несреќата да го загуби свршеникот и тоа на доста брутален начин – беше убиен при враќањето од погребот на својот пријател.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Имено, Карлеуша беше во љубовна врска со Зоран Давидовиќ Чанда, за кого многумина шпекулираа дека има врска со српското подземје и со криминални дејствија. Во 1999 година, Јелена и Чанда се свршија, а на 23 март 2000 година тој беше убиен. Пејачката за убиството ги обвинуваше Аркан и Цеца, со која се’ уште е во „војна“, а по трагедијата, се повлече од сцената.

Кога ѝ се врати на музичката кариера, отпеа песна за покојниот свршеник – „Балада за Зоран“. Нa 23 септември 2004 година, Јелена се омажи со познатиот српски бизнисмен Бојан Кариќ.

Меѓутоа, бракот им се распадна во март во 2005 година, наводно поради прељуба од страна на пејачката. Сепак, сестрата на Бојан, Данијела имаше што да каже за бившата снаа:

Таа не се омажи со него заради пари, тие се сакаа. Постоеја девојки што сакаа да влезат во нашето семејство заради интерес, но Јелена не е една од нив. Со неа убаво се согласував, ми беше една од најомилените снаи. Карлеуша приватно е мошне пристојна и фина личност, секогаш ми укажуваше почит и немам нешто лошо да кажам за неа. За неа имав убаво мислење и се’ уште го имам.“

Во 2008 година, Јелена Карлеуша се омажи со фудбалерот Душко Тошиќ со кого ги роди своите ќерки Атина и Ника.

Нивниот брак го раздрма наводната афера на поп-дивата со фудбалерот Огњен Врањеш, но успеаја да им одолеат на проблемите и медиумскиот линч и да го одржат бракот.

Кога бев мала ,најмногу ме нервираше сиромаштијата. Ме болеше кога ги гледав мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат. Бев скромно девојче, кое не бараше ништо. Само да ми веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. Јас успеав заради нив“, изјави Карлеуша непосредно пред својот 40-ти роденден.

И така беше… Денес таа е една од најпознатите личности во Србија и пошироко, која само на Инстаграм ја следат над милион следачи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.