Бурата околу абортусот на Меган Маркл не стивнува: Се огласил и братот на принцезата Дајана, а јавноста е шокирана од неговата ладнокрвност!

И тој проговорил

Откако вчера главната светска вест беше спонтаниот абортус за кој јавно проговорила Меган Маркл, се огласил и Чарлс Спенсер, брат на покојната принцеза Дајана

Откако вчера, Меган Маркл во потресна исповед открила како во јули го изгубила второто дете, реакциите не стивнуваат.  Сега на оваа трагедија реагирал и Чарлс Спенсер (56), брат на починатата принцеза Дајана и мајка на сопругот на Меган, три години помладиот принц Хари.

Имено, Чарлс се појавил како гостин во британското утринско шоу „Лорејн“, каде што бил поканет за да дискутира за начинот на кој неговото семејство е прикажано во хит-серијата The Crown и зошто на креаторите на серијата им забранил пристап до неговото семејство. Меѓутоа, со оглед на тоа што веста за загубата на детето на Хари и Меган моментално е една од оние за коишто најмногу се зборува, водителката ја начнала токму таа тема.

„Сигурна сум дека сакате да ни се придржите на сите нас што им испраќаме најубави желби на Меган и, секако, на вашиот внук Хари. Денес ја дознавме веста за нивната загуба на детето и тоа е ужасно тажно, зар не?“, го прашала водителката.

„Да, навистина е. Мислам, не можам да си ја замислам агонијата низ која поминува секој пар што изгубил дете на тој начин. Тоа е многу многу тажно. Целосно се согласувам со тебе. Моите мисли денес се со Хари и Меган“, рекол Чарлс.


Меѓутоа не поминало многу време пред корисниците на социјалните мрежи да почнат да го коментираат неговиот настап, односно изјава. Многумина сметаат дека Чарлс бил „сомнително ладнокрвен“.

„Очигледно е дека ни тој не ја сака Меган, но ова не е начинот. Можеше да покаже повеќе емпатија“, е еден од бројните коментари што ја проследиле неговата изјава.

Да се потсетиме дека иако последниве месеци медиумите шушкаа за втората бременост на Меган Маркл, ни таа ни принц Хари никогаш не ја потврдија веста. Сепак, Меган вчера го шокира светот кога за „Њујорк Тајмс“ открила дека навистина била бремена, но го изгубила детето пред четири месеца.

Меган Маркл (39) доживеала абортус: „Додека го држев синот во раце, почувствував дека го губам другото дете!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.