Бритни Спирс останува „заробена“: Татко ѝ продолжува да управува со нејзините животни одлуки и финансии

Се очекува нејзината реакција

Фото: Инстаграм

Пред неколку дена, американската поп-sвезда Бритни Спирс (39) првпат сведочеше на суд против својот татко Џејми Спирс, кој има целосно старателство и контрола над неа, цели 13 години.

Пејачката пред судот изјави дека нејзиниот татко целосно ја контролира и дека тој „го сака тоа“, нагласи дека поради тоа има трауми и дека сака да преземе контрола над својот живот.

Трауматизирана сум. Само сакам да си го вратам животот”, рече Бритни, меѓу другото, на суд, а пренесува „Би-Би-Си“.

Меѓутоа, барањето на Бритни Спирс по 13 години да го лиши својот татко од функцијата на старател беше одбиено. Судијката Бренда Пени, која го надгледува случајот Бритни Спирс, го одби барањето на пејачката да го отстрани нејзиниот татко Џејми Спирс како старател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Имено, судијата, кој го водеше случајот пред Високиот суд во Лос Анџелес, во средата потпиша нова пресуда со која продолжува да му дава на таткото на пејачката Џејми Спирс контрола над нејзиниот живот.

Дополнителни детали за тоа зошто донела таква одлука, сè уште не се објавени, иако наскоро се очекува да биде поднесена нова петиција за ослободување на Бритни Спирс.

Нејзиниот адвокат Сем Ингам се очекува да поднесе барање за отстранување на функцијата старателство на Џејми, а судијката Пени рече дека ќе остави простор во дневникот за сослушување каде што старателството може да биде прекинато, но овој пат тоа не се случи.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.