Пеколот на Меган Маркл поради ДНК-тестот што покажал дека Хари не е таткото на малиот Арчи

Не ѝ било лесно

Фото: Getty Images

Меган Маркл дефинитивно поминала низ пекол откако го изговори судбоносното „да“ со принцот Хари. Иако повеќето луѓе на планетава сметаат дека го живее животот на принцеза од бајките, реалноста е сосема поинаква за неа.

 

Последна од шпекулациите врзани за неа е написот на „Глоуб“, за кој неименуван извор, само неколку месеци пред да се роди Арчи, за магазинот открил дека малиот принц воопшто не му е син на Хари.

Како што објаснил тогаш наводниот извор, како дел од стандардната процедура на кралскиот двор каде што се утврдува татковството пред раѓањето на детето, резултатите од ДНК-тестот покажале дека Хари не е татко на детето.

Хари пребледе од шок, а Меган почна да плаче. Тој не можеше да верува во резултатите“, открива изворот, додавајќи дека принцот наскоро ги обвинил непријателите на Меган на кралскиот двор за саботажа на тестот.

За да не излезе во јавност приказната, Хари направил нов тест, кој покажал дека тој сепак е татко на тогаш уште неродениот Арчи. Сепак, изворот напоменал дека другите членови на кралското семејство долго време се сомневале кога станувало збор за вистинскиот татко на најмладиот член.

Прочитајте и: Меган Маркл мисли дека кралското семејство ковало завера против неа – Ова се деталите

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.