Бред Пит само што не заплака на доделувањето „оскари“: Сите се надеваа дека ќе се појави и Џенифер Анистон!

Едвај ги задржал солзите

Иако многумина очекувале поранешната сопруга да се појави како негова придружба на најпрестижната филмска манифестација, тоа не се случило

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 92. доделување Оскари, а меѓу холивудските ѕвезди што се закитија со познатата златна статуетка се најде и Бред Пит (56).

Имено, холивудскиот актер освои Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, но колку бил изненаден поради тоа, се видело за време на говорот кога едвај ги задржал солзите.

„Ова е неверојатно. Ова е голема чест. Господине Тарантино, вие сте посебен, вие сте голем, без вас индустријата не би била иста. Лео, фала за коктелите. Би сакал многу да им се заблагодарам и на останатите членовите од тимот. Се сеќавам кога моите родители ме носеа во кино, кога се доселив тука. Ова е за моите деца. Навистина си беше еднаш во Холивуд“, рекол Бред Пит држејќи ја статуетката во рака.

Последниве неколку недели многу се шпекулира за смирувањето на поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон (50), па се претпоставувало дека актерката ќе се појави со него на доделувањето како негова придружба. Но Бред, сепак, се појавил со својата мајка.

Освен како поддршка на поранешната љубов, Џенифер немала друга причина да се појави на доделувањето, бидејќи не беше номинирана во ниту една категорија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.