Борис Бекер негирал дека Ана му е ќерка, но потоа новинарите ја увиделе сличноста: Не може да се побегне од генетиката

Се шушка

Целиот свет знае дека Ана е плод на петминутна афера на скалите од еден клуб – и тоа затоа што Борис Бекер јавно го призна својот срам пред светот

Ана Ермакова има 22 години, а веќе со години е инстаграм-модел и привлекува внимание со својата вита линија што ја наследила од мајка ѝ, но и со лицето кое неодоливо потсетува на нејзиниот татко – најдобриот германски тенисер на сите времиња, Борис Бекер.

Имено, Ана е вонбрачно дете на Бекер, а ја добил во кратка, огнена афера со Ангела Ермакова. Иако не сакал да признае дека му е ќерка, генетиката е посилна, па вистината излегла на виделина – без разлика дали му се допаѓало тоа на тенисерот или не.

Да се потсетиме, младата Ана се родила како плод на романсата меѓу руската манекенка Ангела Ермакова и Бекер, кој во моментот на љубовната афера со Ангела бил во брак, среќно оженет и со две деца. Пензионираниот тенисер долго не сакал да ја признае својата ќерка, но сличноста е неоспорна, па конечно морал да признае дека Ана, сепак, е плод на неговата афера – која сама по себе е многу интересна.

Наводно, Бекер водел љубов со Ангела, мајка ѝ на Ана, на скалите од еден ноќен клуб додека и двајцата биле издрогирани. Кратката сексуална средба завршила со бременост и со раѓањето на Ана, а младата девојка, благодарение на поврзаноста со својот богат татко, денес успеала да стане баран модел, чиј приватен живот многу ги интересира таблоидите.

„Не знам дали тоалетот е подобро место. Но ние имавме секс на скалите. Медиумите пренесоа дека имавме секс на столче во тоалет, но тоа воопшто не беше така“, открил Бекер кога конечно бил подготвен да зборува за сè.

За време на односот, Ангела му пружила орално задоволство по што ја сочувала неговата спрема и подоцна се оплодила со неа.

Поради својата петминутна афера со мајката на Ана, Бекер се развел од сопругата, а целиот семеен живот му се распаднал пред очи. Така тенисерот стана вистински пример за тоа дека само еден погрешен потег во нашиот живот може да уништи сè што долго и трпеливо сме граделе.

Денес Борис е во добри односи со Ангела, но и со Ана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.