БОКСОВИ, ГРЕБЕЊЕ И ЖЕСТОК ЌОТЕК: Дара Бубамара се степа со маж на аеродромот

Шокантни сцени среде бел ден

Верувале или не, Дара Бубамара се степала со маж на аеродромот Никола Тесла во Белград. Инцидентот се случил во средата во 13.30 часот, пред да се качи на летот за Тиват.

Додека чекавме ред за да се качиме во авионот, еден човек почна да ѝ вика на Дара: ‘Следен пат пази како возиш да не ти ја е*** мртвата мајка!’ Очигледно двајцата се сретнале пред аеродромот, изгледа Дара му го ‘пресекла’ патот во сообраќајот, па полудел кога повторно ја сретнал“ – вели еден од сведоците.

Пцоста ја извадила пејачката од такс, па му се пуштила и почнала да го удира човекот кој бил речиси половина метар повисок од неа!

Го удираше со боксови, чантата, го гребеше…Тој го покри лицето со рацете и не ѝ возврати“ – вели сведокот и додаде дека птеостанатите патници скокнале да ги разделат.

Набрзо пристигнала полицијата, а Дара и тогаш не се смири. Рече дека ќе го осакати доколку повторно го сретне бидејќи ја опцу нејзината мртва мајка. И покрај тепачката, таа се качи во авионот, а тој човек не го видовме веќе.“

И популарната пејачка ги потврдила овие сознанија.

Точно е дека се случи инцидент! Возев малку побрзо за да се качам на летот, бидејќи имав закажан настап во Црна Гора. Тој човек ме навреди без причина! Слаба сум на моите родители, кои веќе не се живи, и секогаш ќе скокам на секого што ќе ги допре моите најблиски“ – рекла Дара.

 

Фото: „Свет“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.