Богаташката првпат се соблекла во бикини и ги викнала папараците да ја фотографираат: Нема поголем манипулатор од неа!

Погледнете

Никој не знае така да манипулира со јавноста како што тоа го прави Кајли за да го добие тоа што го сака – затоа денес е побогата и од Марк Закерберг

Кајли Џенер деновиве ги поминува на Карибите, па така се појавиле низа фотографии на кои позира во вода и пред тушевите. Следејќи го примерот на сестра ѝ, Кајли се согласила папараците да ја фотографираат за да изгледа прекрасно.

Пред само неколку години, Ким Кардашијан поминала низ пекол кога папараците ја фотографирале на одмор во бикини. Тогаш светот можеше да го види нејзиното тело со целулит и со очигледни вишок килограми.

Но Кајли тоа никогаш не би го дозволила. Можеби зад неа има армија вработени кои се грижат сè да помине во најдобар ред, но вистина е дека Кајли е најмладата милијардерка во светот. Побогата е дури и од Марк Закерберг!

За да се продаваат производите со нејзиното име, Кајли мора да биде совршена секоја минута. Не е тајна дека Кајли направила неколку операции за да ги доведе лицето и телото до совршенство, иако тоа никогаш не го признала јавно. А сè започнало кога ги оперирала усните, додека зборувала наоколу дека нејзиниот нов производ е заслужен за тоа што сега има пополни усни. Кога девојките ширум планетата откриле дека производот нема ефект, бизнисот на Кајли за малку ќе пропаднел. Тогаш открила дека сепак ги оперирала усните, бидејќи секогаш се чувствувала несигурно и грдо.

Сега се шушка дека извадила ребра за да има тенка половина, дека вградила силикони во задникот, како и во градите и усните.

Сепак, таа е моментално најбараниот модел, што го докажала и на модната недела во Париз, каде што секој нејзин чекор беше внимателно следен.

Кајли е и мајка на две деца: ќерка Сторми (5) и син Еир (1), кои ги добила со партнерот Травис Скот.

Каде и да оди, со себе ја носи својата ќерка за која вели дека ѝ е најдобрата пријателка.

НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Ирина Шајк ја шокира Кајли Џенер појавувајќи се во идентична креација (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.