Близок „пријател“ на Меган Маркл раскажаа досега непознати детали

Страдала од депресија и се будела поради напади на паника!

Холивудската актерка Меган Маркл откако се омажи за принцот Хари стана британска војвотка и ја прифати должноста која ја налага таа титула. Нова средина, луѓе, британското кралско семејство и строгите правила во неа буделе непријатно чувство, стрес и потешкотии од кои конечно се ослободила.

Сопругата на принцот Хари во октомври во документарецот објавен по турнејата низ Африка проговори за проблемите што ја измачувале последните три години од влегувањето во кралското семејство.

Наталожениот стрес предизвикан осудувачкиот став кон неа од страна на медиумите и јавноста резултира со одлука за заминување од Британија, а на тој животен предизвик ѝ се придружи и нејзиниот сопруг принцот Хари, како и наследникот Арчи.

Немав поим со колкав притисок ќе се соочам. Кога се заљубив во Хари, моите пријатели беа среќни заради мене, но оние од Британија ми рекоа дека таблоидите ќе ме уништат и да не се впуштам во тоа. Тешко е. Малку луѓе ме прашале како сум. Не сум баш добро. Тешко е да бидеш во фокусот на јавноста и да бидеш тазе мајка, жена“ рече тогаш Меган со солзи во очите.

Постојано велам дека не е доволно да преживееш, треба да живееш и блескаш“, вели Меган во својот документарец.

Како што зборуваат нејзините пријатели за американските таблоиди, Меган за време на животот во кралското семејство страдала од депресија, напади на паника и била под неверојатетн стрес, па, наводно, со денови не спиела стравувајќи како ќе изгледа нејзината иднина доколку не се смени нешто.

Откако е во Канада, видливо е дека блеска и дека е под многу помал стрес. Таа и Хари едноставно уживаат сега, им се допаѓа животот таму. Сè е многу помирно, поприродно за растење на детето и тие како сопружници можат да се посветат еден на друг во потполност“, рекол пријател близок на Меган за магазинот People.

Фото: Getty Images

Извор: lokalno.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.