Бизарните навики на холивудските ѕвезди обелоденети во јавност: Ќе се шокирате кога ќе прочитате какви хобија имаат!

Никогаш не би погодиле!

Анџелина Џоли, Џони Деп и Мајк Тајсон се само некои од холивудските ѕвезди што имаат бизарни навики

Славниот актер што го прослави ликот на капетан Спероу, Џони Деп, во слободно време се занимава со малку необично хоби.

Имено холивудскиот актер ужива играјќи се со својата колекција на барбики. Покрај класични барбики, Џони Деп поседува и специјална едиција на барбики со ликот на Мерилин Монро, Парис Хилтон и Бијонсе.

Славниот актер Џони Деп вели дека понекогаш овие кукли му помагаат да се подготви за снимањето филмови.

Фото: guliver-getty

Ако мислите дека ова е чудно, почекајте додека прочитате како Парис Хилтон го исполнува своето време.

Таа, верувале или не, вели дека ужива во лов на жаби. Сепак, оваа јавна личност, која е позната и како голем борец за правата на животните, нагласува дека таа ги лови жабите на многу хуман начин, на нејзиниот ранч.

„Секогаш ги ослободувам после ловот, ги враќам таму каде што биле“, објаснува таа.

Останува нејасно како ги лови, на каков безбеден и хуман начин, но веројатно и тоа ќе го дознаеме некогаш.

Легендарниот Мајк Тајсон има сосема спротивно хоби од она што би се очекувало за некогашен светски првак во бокс. Тајсон, кој е познат по тоа што му одгриза парче од увото на својот лут ривал Ивандер Холифилд на рингот, одгледува гулаби. И тоа од оние високолетачките.

Тајсно кој поминал време и зад решетки, сега со многу љубов и топлина зборува за своите пердувести пријатели со кои изгледа се согласува подобро одошто со кое било човечко суштество. Тој не се срами да каже:

„Целото свое слободно време го користам за да ги тренирам гулабите да станат најдобри тркачи што можат.“

Открил дека љубовта е обострана и дека гулабите воопшто не се плашат од огромните дланки на познатиот боксер.

Навикнати сме славната актерка Анџелина Џоли да ја шокира јавноста со своите постапки надвор од глумата. Сепак, малкумина знаат дека има многу необично хоби, уште од детството, како што открила самата. Таа собира бодежи.

„Отсекогаш сум била опседната со бодежи, уште од мали нозе“, открила таа.

Таа признала и дека понекогаш ги користи бодежите за време на секс за да оствари „подлабока конекција со партнерите“. Колекцијата ја држи подалеку од преостанатите членови на семејството, иако открила дека би сакала некое од децата да ја наследи нејзината страст кон овој вид ножеви. Велат дека Анџелина покрај тоа што собира бодежи, умее и многу вешто да ракува со нив!

Фото: Getty Images

Кога не снима одлични филмови, славниот и екстравагантен режисер Квентин Тарантино, се посветува на својата колекција на друштвени игри, од шаховски гарнитури и табла до монопол. Пријателите на Тарантино тврдат дека неговата колекција на вакви игри е повеќе од импресивна.

Следната ѕвезда со необично хоби е уште еден актер –Николас Кејџ. Оваа холивудски ѕвезда, наводно, толку е окупирана со човекот од планетата Криптон, што низ годините собрал колекција од најразновидни реквизити на Супермен. Велат дека понекогаш дури и го носи костимот на овој јунак.

Мадона гола во када зборува за коронавирус: Одамна не сте виделе нешто побизарно! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.