Бившиот на Цеца наскоро ќе рипне во тавче: Мисицата решена да стане гопоѓа Срејовиќ!

Таткото на невестата му се заканил!

Богдан Срејовиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста и медиумите кога влезе во љубовна врска со Цеца Ражнатовиќ.

Менаџерот на познат белградски локал и популарната пејачка уживаа во љубовта нешто помалку од една година и пријателски се разделија.

Ја полија со киселина, едвај остана жива: Поранешната девојка на Богдан тешко го поднесе тоа, а еве што направи тој!

По раскинувањето, Богдан почна заеднички живот со поранешната мисица Јована Љубисављевиќ, која е цврсто решена да стане госпоѓа Срејовиќ.

Бившиот на Цеца ѝ ги гали нозете на мисицата, на која малку ѝ требаше да го преболи поранешното момче (ВИДЕО)

Имено, Јована се најде во центарот на медиумското внимание со учеството во реалното шоу „Задруга“, во кое стапи во врска со контроверзниот задругар Стефан Кариќ, кој, пак, е обвинет за физичко насилство над старлетата Наташа Шавија.

Се појави фотографија: Стефан Кариќ со лисици откако беше обвинет за насилство врз Наташа Шавија (ФОТО)

 

По крахот на врската со него, мисицата заплови во љубовни води со 14 години постариот Срејовиќ, кој веќе има еден брак зад себе, и тоа со долгогодишната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана Тасовац, со која ја има ќерката Искра.

 

Богдан раскина со Цеца, а неговата поранешна сопруга ќе се мажи: Саша Ковачевиќ скока во тавче!

Родителите на Јована прво беа против нивната врска бидејќи Богдан е 14 години постар од неа и веќе има дете од првиот брак. Меѓутоа, кога сфатија дека добро се согласуваат и дека поранешното момче на Цеца ја радува нивната ќерка, конечно го прифатија. Со оглед на тоа што Јована веќе се пресели кај Богдан, често разговараат за брак и за бебе, а кога таткото на мисицата слушна за тоа, организира семеен ручек на кој многу жестоко му се закани на зетот. Рече да не им падне ни на памет да се венчаат во тајност, без да ги известат за тоа – открива доброупатен извор, и додава:


Им соопшти дека тој планира еден ден да ја омажи ќерка си и дека сака сè да биде организирано како што треба. Богдан му кажа дека сигурно нема да има свадба без нивно знаење, дека тој и Јована разговарале и дека не би сакале да имаат голема прослава за 200 гости, туку да ја прават во кругот на најблиските луѓе, без помпа и фанфари.

Јована им порача на родителите дека не треба да се мешаат во нејзините одлуки и одлуките на Богдан и дека сигурно нема да застане пред матичар без тие да бидат со неа тој ден.

Фото: Инстаграм, www.paparazzo.rs

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.