„Бившиот ме криеше од јавноста!“ Трансродовата пејачка нема среќа во љубовта

„Мажите го сакаат само моето тело!“

„Мислам дека покрај мене треба да оди човек кој ќе се гордее со мене и со кого ќе се гордеам јас!“

Пејачката Алина Јухарт откако се појави на сцената на музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ крена голема прашина и не престанува да ја интригира јавноста.

Трансродовата пејачка во една емисија раскажа колку ѝ е тешко да најде партнер кој целосно ќе ја разбере. Алина признава дека многу мажи ѝ се додворуваат само за да имаат сексуални односи со неа, но таквите понуди не ја интересираат, бидејќи има високо ниво на самодоверба.

Многу мажи сакаат да стапат во контакт со мене. Половина од нив го сакаат сексуалниот аспект кој не ме интересира. Всушност, не половина, туку 75 проценти, и тие не ме интересираат, бидејќи ги почитувам своето тело и своите вредности. Не осудувам никого, но тоа е границата што ја поставив. Ме интересира, се разбира, нормална врска. Потоа, има мажи кои се подготвени на се’, но не се за мене – открива Јухартова.

Таа се осврна и на нејзината последна љубовна врска, па откри дека нејзиниот последен парнтер имал се’, освен храброст да се појави во јавноста рака под рака со неа, што на Алина воопшто не ѝ се допаѓало.

Моето последно искуство беше со дечко кој имаше 99 отсто од се’ што сакам, но го немаше тој 1 отсто што е најважно, а тоа е да излезе со мене во јавност. Мислам дека покрај мене треба да оди маж кој ќе се гордее со мене и на кого ќе се гордеам јас – вели Алина.

Учесничката во „Ѕвездите на Гранд“ се сомнева дека наскоро ќе го најде вистинскиот партнер за себе, а откри што треба да поседува за да го освои нејзиното срце.

Ќе ми треба долго време да ја пронајдам вистинската личност. Брат ми често ми вели, е, да го запознам тој твој, што се’ треба да биде! Љубовта, искреноста, слободата и мирот се основа за секоја врска, па и на партнерството. Во овој момент живеам како среќна и исполнета жена и сакам така да останам и во партнерскиот однос – искрена е пејачката.

 

Фото: Инстаграм, Printscreen Zvezde Granda

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.