Бившиот ја поддржа Ана Николиќ: „Секогаш сум на страната на семејството“

Раста откри во каков однос е со поранешната сопруга.

Како и секое лето, така и оваа година во Херцег Нови се одржува фестивалот „Скале 2022“. Фестивалот трае три дена, а публиката ќе ужива во хитовите на популарните пејачи.

Меѓу многуте познати пејачи се најде и раперот Стефан Ѓуриќ Раста, кој проговори за врската со Ана Николиќ со која има ќерка, но и за конфликтот на Николиќ со Милица Павловиќ, поради песната „Проверено“.

Генерално, во конфликтите никогаш не поддржувам нeкого, но сигурно дека секогаш ќе бидам на страната на моето семејство, тоа е неизбежно“ – рече Раста, додавајќи:

„Јас и Ана секој ден си праќаме демо-снимки, па можно е да направиме дует доколку има некоја интересна песна“ – изјави раперот.

Инаку, според написите на медиумите, контроверзниот рапер ужива во љубовта со 12 години помладата девојка Марија Балабан, која се занимава со актерство.

По тој повод се огласи и неговата поранешна сопруга.

Не сум во тек, дознав од медиумите. Разведени сме со години, секој си го живее својот живот, имаме дете и во убав однос сме. Соработуваме заедно, но приватно не разговараме“, вели Ана.

Фото: Србија данас

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.