Била сопруга на славен актер, а сега живее на улица и собира храна од контејнери: Неверојатен шок за некогашната манекенка!

Не личи на себе

Поранешната сопруга на актерот, кој се прославил со улогата на Хоби, синот на Мич во „Чувари на плажата“, била фотографирана во близина на една плажа во Лос Анџелес, откако пред неколку години исчезнала од јавната сцена

Некогашната манекенка Лони Вилсон (37) и поранешна сопруга на ѕвездата од „Чувари на плажата“, Џереми Џексон (40), била видена на улиците во Лос Анџелес првпат после две години.

Таа моментално е бездомничка и зависничка од дрога, а се бори и со многу психички проблеми, наведуваат американските медиуми.

Некогашниот фитнес-модел живее на улица од 2016 година. Таа била уловена како турка количка наполнета со облека, а меѓу работите имало и ќебиња и перница за спиење.

Со цигара во устата и со неколку слоеви стара облека на себе копала по контејнерите барајќи храна, а очевидци кажуваат дека речиси никој не ја препознал.

Очигледно е дека изгледа многу повозрасно, а од некогашната долга руса коса нема ни трага. Сега има кратка коса со розови прамени.

Вилсон изјавила за медиумите дека се чувствува добро и дека не ѝ треба помош.

„Не сум разговарала со Џереми. Не сакам да зборувам со моите пријатели, добро ми е. Не сакам никој да ми помага. Можам сама да се снајдам. Имам сѐ што ми треба. Никому не му е грижа за мене и не сакам да ги видам, бидејќи и тие не сакаат да ме видат мене“, рекла Лони и додала:

„Немам мобилен. Имам храна и место за спиење. Наоѓам пари понекогаш и има храни во контејнерите близу продавницата. Има многу работи тука.“

Инаку, Вилсон била во брак со познатиот актер од 2012 до 2014 година. Парот имал прилично турбулентна врска, а сето тоа кулминирало со физичка пресметка летото 2014 година, кога Џексон ѝ скршил на сопругата две ребра, ѝ го повредил вратот и ѝ го изгребал лицето.

Во 2018 година исчезнала откако пријателите се обидувале да ја наговорат да оди во клиника за одвикнување од зависности.

Последен пат работела како асистентка во центар за пластични операции во Лос Анџелес, а потоа во 2016 година доживеала нервен слом, по што добила отказ и останала без дом. Со оглед на тоа што не можела ни да плати сметки ни да најде постојана работа, Лони на крајот била исфрлена од станот во западен Холивуд и била принудена да живее на улица.

Во 2018 година за медиумите изјавила дека се нема туширано повеќе од една година и дека сака да биде што повалкана за да ги одбегне нападите на улица.

Жени на робијаши: Слепа љубов или страв?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.