Била сама, преплашена и залудно страдала: 10 потресни факти за Лајка што биле скриени од целиот свет!

Тажно...

Ако сте љубители на животни, ќе ви биде екстремно тешко да го прочитате ова…

Патувањето на Лајка во вселената бил значаен момент во човечката историја, кој го отворил патот за некои од најголемите достигнувања. И покрај неговото значење за човештвото, Лајка била само куче и не ја разбирала тежината на она што било постигнато со нејзина помош. Последните неколку недели од нејзиниот живот биле застрашувачки за неа, а таа била збунета и исплашена.

1. Лајка била куче скитник

Пред да влезе во вселенската програма, Лајка немала дом, туку талкала по улиците на Москва. За разлика од мајмунот што го користеле Американските, Русите одбрале куче скитник, бидејќи полесни биле за тренирање. Тие дури имале и специјален тим на луѓе кои барале скитници по московските улици. Русите верувале дека ваквите кучиња поради тешките животни услови се доволно силни да ги издржат и тешките услови во вселената.

2. Знаеле дека нема да преживее

Сателитот што бил изграден за Лајка не бил опремен за сигурно враќање дома. Руските научници знаеле дека таа не би се вратила жива и испланирале да помине неколку денови во орбитата, а потоа да умре од отровите што ѝ ги ставиле во храната. Во земјите надвор од Советскиот Сојуз, на мисијата на Лајка се гледало со негодување. Британците покренале кампања да се сопре мисијата, а „Дејли Мејл“ објавил статија со наслов „Ќе загине куче, а ние не можеме да го спасиме“. Кралското друштво за спречување насилство над животни апелирало до граѓаните да се јават во советската амбасада и да се жалат, а некои секој ден во 11 часот одржувале мирни протести со момент на молк. Во одговорот што го дал Советскиот Сојуз, пишувало дека Русите сакаат кучиња и дека ова не се прави поради суровост, туку за доброто на човештвото.

3. Трагедијата можела да биде одбегната

Според првичниот план, Лајка требала безбедно да слета на Земјата. Русите се фалеле дека таа ќе има сè што е потребно за да опстане и дека ќе се врати дома жива, меѓутоа овие планови ги расипал генералниот секретар на Комунистичката партија, Никита Хрушчов. Тој го гледал патувањето на Лајка како дел од пропаганда и сакал сè да биде темпирано до совршенство, барајќи Спутник 2 да се лансира на 40-годишнината од Болшевичката револуција.

На научниците им било наредено да побрзаат со работата и првобитните планови паднале во вода. Ним им останале само четири недели да го направат првото вселенско летало кое ќе може да одведе живо суштество во вселената. Тоа било доволно време за да се направи летало, но научниците не стасале да го опремат за сигурно враќање на Земјата. Сите обичаи што се развиени во ракетната технологија биле исфрлено, а Спутник 2 бил создаден без идејно решение.

4. Кучињата биле затворени во мали кафези

Спутник 2 бил малку поголем од машина за алишта. Иако просторот бил премногу мал и Лајка не можела ни да се сврти внатре, таа била и врзана и можела само да седне и да легне. Лајка и другите кучиња биле подготвувани за патувањето така што биле ставани во сè помали и помали кафези. Заробени во толку мал простор, животните добиле констипација и не можеле да се испразнат и покрај лаксативот што им го давале научниците. Единствениот начин да се опуштат било да поминат доволно долго време во такви услови за да заборават дека некогаш биле слободни.

5. Лајка поминала еден ден со семејството на научникот што ја нашол

Последните четири недели, доктор Владимир Јаздовски се зближил со ова куче. Лично тој ја предводел екипата што го собрала од улица, го тренирал и го одбрал токму него да влезе во историјата. Еден ден пред лансирањето, доктор Јаздовски ја однел Лајка дома за да се играат неговите деца со неа, а несреќното животно за прв и последен пат почувствувала семејна љубов и атмосфера. Јаздовски тогаш кажал:

„Сакав да направам нешто убаво за неа, бидејќи ѝ остана уште многу малку време. Веќе утредента беше ставена во ракета, лансирана во вселената, од каде што никогаш нема да се врати.“

Лајка изутрината била доведена на местото на лансирање и тимот се поздравил со неа, ја бакнале во носето и ѝ посакале среќен пат, знаејќи дека никогаш повеќе нема да ја видат.

6. Одложено лансирање

Лајка не полетала тој ден, бидејќи дошло до расипување на леталото, поради што наредните три дена била заробена на исклучително ладна температура, која била потребна за да се поправи. Научниците се грижеле за неа најдобро што можеле и кон неа го насочувале цревото од клима-уредот за да ја стоплат. Конечно, на 3 ноември 1957 година, Лајка полетала. Додека леталото полетувало од Земјата, животното добило напад на паника. Нејзиниот пулс и дишењето биле три пати побрзи од нормалното и била преплашена, бидејќи не разбирала што ѝ се случува. Кога влегла во безтежинска состојба, нејзиното срце забавило и почнала да се смирува. Првпат во историјата на човештвото, живото суштество лебдело во вселената и ги набљудувало Земјата и ѕвездите од голема далечина.

7. Лајка доживеала страшна смрт

Со години по оваа мисија, Русите тврделе дека Лајка го преживеала првиот ден во вселената и дека со денови лебдела околу Земјата, за на крајот да изеде отровна храна и мирно да умре. Јавноста ја дознала вистинската вистина дури во 2002 година, кога еден од научниците кои работеле на мисијата, Димитри Малашенков, открил каква била трагичната судбина на ова куче. Лајка загинала по седум часа, за време на својот четврти круг околу Земјата, во неподносливи болки.

Системот за контрола на температурата, кој бил изграден набрзина, ненадејно се расипал, а температурата во капсулата надминала 40 степени и продолжила да расте. Лајка, која се смирила кога влегла во безтежинска состојба, повторно добила паничен напад. Нејзиното срце чукало сè побрзо и побрзо, за на крајот научниците да престанат да добиваат сигнал на отчукување – срцето на ова куче засекогаш престанало да чука.

8. Нејзиното тело се распаднало на влезот во Земјата

По пет месеца и 2.570 кругови околу Земјата, Спутник 2 паднал на Земјата. Луѓето гледале како сателитот лета низ небото, што предизвикало паника во САД. Луѓето од источна Америка пријавувале дека виделе НЛО. Според извештаите, блескав сино-бел објект се движел по небото со неверојатна брзина и ненадејно поцрвенел, додека неколку помали делови се одвоиле. Лајка и капсулата во која ги поминала последните мигови од својот живот, целосно се распаднале додека паѓале кон земјата.

9. Советските кучиња астронаути

Во текот на 1950 и 1960-те години, Советскиот Сојуз лансиран мисии за околу 57 кучиња, но бројот на кучиња што биле во вселената е помал, бидејќи многу од нив летале повеќе пати. Повеќето животни ја преживеале мисијата, но оние што не преживеале, загинале како последица на некои непредвидени технички компликации за време на летот. Некои од кучињата што летале во вселената биле: Дезик, Циган, Лиса, Циганка, Рижик, Смелаја, Малишка, Болик, Отважнаја, Снежинка, Мушка и така натаму. Најпознати, после Лајка, биле Белка и Стрелка, на кои на патувањето им правеле друштво зајаци, глувци, стаорци, муви, билки и габи. Сите патници се вратиле живи.

10. Лајка страдала залудно.

„Колку повеќе минува времето, сè повеќе ми станува жал. Не требаше да го направиме тоа. Она што го научивме од таа мисија, не ја оправдува смртта на Лајка“, рекол Олег Газенко, еден од научниците од тимот што работел на лансирањето на Спутник 2.

„Нејзиното патување во вселената било повеќе симболично одошто ѝ послужило на науката. Со ова беше докажано само тоа дека живо суштество може да одлета во вселената и да преживее таму, а уште поважно беше што Русите го направија тоа први.“

Еден полски научник изјавил, пак, дека смртта на Лајка претставува голема загуба за науката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.