БИЛА НА ЕСТЕТСКА ОПЕРАЦИЈА И НАСТАНАЛ ПРОБЛЕМ: Водителката ја откри причината за одложувањето

Во прашање е здравјето

Душица Јаковљевиќ сакала да направи естетски корекции на носот, меѓутоа операцијата е одложена, а таа сега ја откри причината.

Водителката на реалното шоу „Задруга“ често отворено зборува за естетските корекции, па не крие дека и самата имала некои од нив. Доста вложува во својот физички изглед, кој од почетокот на кариерата до денес е многу променет.

Овој пат, Душица се одлучи за корекција на носот, меѓутоа до операција не дојде, а водителката откри и зошто.

Денес требаше да ме оперираат, меѓутоа потребна е подготовка, мораат разни работи да се поклопат во здравствена смисла за да може операцијата да биде сигурна во потполност и како она што треба, да биде коригирано на вистински начин. Затоа одлучивме да ја одложиме операцијата за почеток на декември, рече таа, пренесува Pink.rs.

Излезе дека сум во најдобрите раце, во рацете на докторот кој ништо не остава на случајност и кој на своите пациенти секогаш им го посакува најдоброто. Поради проблемите со дишењето, одлучив да одам на споменатиот зафат… Но поради споменатото, ја одложивме операцијата, сега одам на контрола, а кога ќе се стекнат сите услови, тогаш ќе се отпочне зафатот, наведе водителката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.