Бијонсе едвај дишела во претесниот фустан, додека Бен Афлек изгледал како да е на лекови: Сè за доделувањето награди „греми“!

Погледнете

Брачната двојка Афлек привлекла најголемо внимание на доделувањето награди „греми“, а сето тоа поради чудното однесување на славниот актер

Синоќа беше одржано доделувањето награди „греми“, а Бијонсе стана изведувачот со најмногу освоени „греми“ награди досега! Во таа пригода, дивата се појавила на сцената за да ја прими наградата, а пред тоа никој не можел да ја види во свечената сала или на црвениот килим.

Облечена во тесен фустан на „Гучи“, Бијонсе едвај дишела, но и едвај ги успеала да ги додржи бујните гради да не излезат од претесниот корсет.

Нејзиниот говор е окарактеризиран како „епски“ со оглед на тоа што во него ѝ изразила благодарност на квир-заедницата за нивната љубов.

Сепак, најголемо внимание привлекла брачната двојка Афлек. Имено, Џенифер изгледала спектакуларно како и секогаш, додека се трудела да го заинтересира Бен, кој и овој пат изгледал крајно отсутно.

Обожавателите не го испуштиле ни неговиот чуден изглед, па неговото „џускање“ стана уште едно „меме“ во низата.

„Трепни ако си киднапиран“, „Изгледа како попрво да би бил на забар“, „Бен изгледа како да е на тешки лекови“, „Бен Афлек повторно прави уште едно меме во негов стил“, „Зошто Бен Афлек изгледа како да ќе се расплаче во секој момент?“

Ова се само некои од коментарите под ова урнебесно видео што кружи на социјалните мрежи.

https://twitter.com/amsi81/status/1622426018265944069?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622426018265944069%7Ctwgr%5Ecf6349fe54430f3867176e75a0c74f58d0dbb4ca%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F194807%2Fsta-se-desavalo-na-dodeli-gremi-nagrada

Во продолжение погледнете кој сè бил присутен на доделувањето на престижните награди „греми“.

Глумат совршена двојка, а кога мислат дека не ги снимаат, ЏЕНИФЕР ВРЕСКА НА СОПРУГОТ: Обожавателите дешифрираа што му рекла Џеј Ло на Бен –  КРАЈОТ Е БЛИСКУ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.