Без грам шминка, со чаша вино и најсаканото друштво: Наташа Беквалац блеска на Јадранот – сите гледаат во неа, но и во нејзината сестра

Летото за Наташа Беквалац е резервирано за сонце, море и моменти со најблиските. Популарната пејачка деновиве ужива на црногорското приморје, а фотографиите и видеата што ги сподели на социјалните мрежи веднаш предизвикаа лавина реакции.

Без грам шминка и со природен изглед, Наташа покажа дека самодовербата е нејзиниот најдобар моден додаток. Во впечатливи костими за капење, насмеана и опуштена, таа позира на плажа, се сонча, ужива во возење со брод и наздравува со чаша вино.

Но, покрај неа, вниманието го привлече и нејзината сестра Кристина Беквалац, која и овојпат ѝ е најверното друштво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Bekvalac (@kristinabekvalac)

Двете сестри поминуваат незаборавни денови заедно со своите деца, а нивните заеднички фотографии ги преплавија комплиментите на социјалните мрежи. Многумина коментираат дека е тешко да се одлучи која од нив изгледа подобро.

Од Будва до Котор, сестрите уживаат во магијата на Јадранот, посетувајќи неколку од најубавите дестинации на црногорското крајбрежје. Покрај релаксацијата на плажа, Наташа сподели и емотивни семејни моменти, меѓу кои и видео од нејзината ќерка Катја, која храбро скока од брод во морето.

Со фотографиите, пејачката испрати и порака што допре до многумина:

Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и за куќичка на плажа… Деновиве навистина живееме токму така. Среќно лето на сите! Бидете токму онакви какви што сте.“

Судејќи според атмосферата, ова летување е токму она што ѝ било потребно – мир, семејна хармонија и денови исполнети со смеа, сонце и морски хоризонти. А реакциите на нејзините следбеници се едногласни – Наташа никогаш не изгледала поприродно, посреќно и поубаво.

Што мислите вие?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе