Беше олицетворение на убавината, мажите ја обожаваа, жените ѝ се восхитуваа: Што остана од славната актерка?!

Непрепознатлива!

Беше една од најголемите ѕвезди во Холивуд цели две децении, играше во некои од најпопуларните филмови, а денес тешко е да се препознае…

Мег Рајан имаше блескава кариера, ангелско лице и талент што ги освои срцата на публиката. Кариерата ја изгради благодарение на романтичните комедии, како што се „Француски бакнеж“, „Кејт и Леополд“, „Бессони во Сиетл“, „Добивте пошта“…

Денес, таа блескава кариера и препознатливата насмевка се засенети од изгледот, кој може да се нарече дури и гротескен! Особено за актерка од нејзин ранг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @popculturecult

Имено, Мег во некој момент одлучила дека не сака да старее, почнала да подлегнува на низа естетски корекции и изгледа не знаела да сопре!

„Разубавувањето“ и желбата по секоја цена да се задржи младоста, скапо ја чинеле. Денес, славната актерка изгледа отечено, пластично и целосно ѝ е променета физиономијата на лицето.

Мег Рајан во средината и кон крајот на 1990-тите години ѝ беше миленичка на публиката. Секако, со причина – пленеше со харизмата, имаше занесна насмевка, спонтаност и изглед поради кој сите ѝ завидуваа.

Холивуд беше нејзин тие 1990-ти години…

Режисерите и сценаристите ја обожаваа, но понудите стивнаа по филмот „Кејт и Леополд“, снимен во 2001 година. Причината не беше лошата глума, туку непрепознатливото лице што веќе никој не сакаше да го ангажира.

„Премногу се коригирала. Тоа беше шок за луѓето и таа повеќе не личи на онаа Мег Рајан што сите ја знаеме и во која се вљубивме“, рекол Џејмс Манголд, режисер на филмот „Кејт и Леополд“.

Сè започнало со филер за усни, но, за жал, актерката не застанала само на усните.

„Не се само усните во прашање. Носот ѝ е поинаков, јаболчиците, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластична хирургија. Таа не е единствениот пример. Обично тоа е обид да се реши некој вид на лично незадоволство“, објаснил пластичниот хирург Марк Робери своевремено.


Кариерата ѝ замре, повеќе не добиваше улоги, па Мег во 2006 година одлучила да посвои девојче од Кина. Покрај синот што Рајан го добила со Денис Квејд во 1992 година, актерката си нашла преокупација во грижата и воспитувањето на децата, особено на посвоеното девојче.

Мег Рајан често била и мета на таблоидите, токму поради својот изглед. Кога сфатила дека нема повеќе да добива улоги, што е многу тажно, се повлекла од јавноста и му се посветила исклучиво на семејството.

Имаше лице на ангел и тело на топ-модел: Поради естетските корекции, повеќе никој не ја препознава славната русокоса!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.