Бела Хадид покажа како изгледа нејзиниот живот со автоимуното заболување: И кога е на фризер, прима инфузија (ФОТО)

Не е се' совршено како што изгледа

Фото: Getty Images

Иако важи за најубавата жена на светот, пресметано според математичката формула за идеални црти на лицето, во животот на 24-годишната Бела Хадид сепак не цветаат само ружи. Имено, во 2012-та година, на неа, нејзината мајка Јоланда и на помалиот брат Енвар им е дијагностицирана хронична Лајмска болест, која претставува системско заболување.

Имено, на фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил, ангелот на „Викторијас сикрет“ прима инфузија додека е на фризер.

Животот со новата хронична автоимуна болест = секогаш наоѓам време за моите инфузии“, напиша таа во описот на објавените фотографии.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Инаку, постарата сестра на Бела, славната манекенка Џиџи Хадид исто така боледува од автоимуно заболување, но на штитната жлезда, познато како Хашимодов синдром.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.