Бела Хадид негира дека направила естетски корекции и им порача на критичарите да ги споредат нејзините стари и нови фотографии: Тие ѝ порачаа дека разликата е – огромна!

Ако баба лаже - трап не лаже!

Фото: Getty Images

Уште од првиот нејзин чекор во светот на модата, манекенката Бела Хадид (24) се соочува со многубројни гласини за естетските зафати со чија помош го оствари денешниот изглед, благодарение на кој се искачи на тронот во модната индустрија. Сепак, многумина се бунтуваат против оваа титула бидејќи станува збор за вештачки, а не природен изглед на манекенката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Луѓето навистина мислат дека сум направила голем број естетски зафати. Шокирана сум од идејата за ставање филери во усните. Не сакам да го уништам природниот изглед на моето лице“, изјави Бела и ги посоветува критичарите да ги споредат нејзините стари и нови фотографии и да се уверат дека станува збор за природен изглед.

Меѓутоа, тие ѝ порачаа дека го направиле тоа и дека разликата е – огромна!

Имено, извор близок на магазинот „Стар“ пред четири години откри дека Бела со помош на кредитната картичка на својот татко го креирала денешниот изглед.

Бела отсекогаш беше несигурна, а се’ кулминира кога нејзината постара сестра Џиџи почна да се занимава со манекенство“, откри нејзиниот пријател за споменатиот таблоид. За видливата промена на лицето, Бела неодамна откри дека е резултат на нејзиното созревање и растење и техниката на контурирање на лицето.

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.