Бебе број 5: Викторија Бекам е бремена?

Бракот со Дејвид е најсилен токму во периодите кога таа е бремена

Фото: Getty Images

Според написите во странските медиуми, Викторија и Дејвид Бекам се во очекување на петото дете. Познатата дизајнерка и бившиот фудбалер се горди родители на 4 деца: 8-годишната Харпер, 15-годишниот Круз, 17-годишниот Ромео и 21-годишниот Бруклин.

Блиската пријателка на 45-годишната госпоѓа Бекам, Тана Рамзи за Marie Claire откри дека Викторија јаде големи количества спанаќ и зелени салати, кои се богат извор на ѓелезо и фолна киселина, за кои е познато дека се потребни за нормален развој на плодот.

Бременоста би ја направила Викторија најсреќна на светот. Тие најмногу уживаат во улогата на родители на своите тројца синови и едната ќерка, а историјата покажува дека нивниот брак е најсилен токму во периодите кога таа е бремена”, изјавил изворот.

 

Во последните неколку години се соочуваа со многубројни брачни потешкотии и токму детето е она што им е потребно за да го вратат бракот на вистинскиот пат. А на братот или сестрата најмногу се радува најстариот син – Бруклин, кој неодамна го прослави 21-от роденден”, додал неименуваниот пријател на парот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.