Балашевиќ се појавил пред Тито по патики и џемпер: Реакцијата на луѓето од обезбедувањето била урнебесна!

Анегдота

Познатиот композитор и водител Миња Субота проговорил за Балашевиќ, па раскажал една анегдота што малкумина ја знаат

Миња Субота зборувал за неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ и во таа пригода рекол:

„Бев шокиран, гледав вести и тоа беше еден таков шок што не можев да поверувам. Кога се соземав малку, прва помисла ми беше неговото семејство. Знам колку беше приврзан за семејството, создаде свое гнездо, тоа беше негова база и инспирација, не можев да се освестам дека нè напушти, бидејќи рано е“, рекол Миња и додал:

„Тој си замина рано, но многу остави, му остави едно големо богатство на својот град и на сите нас. Се покажа во сите градови на поранешна Југославија. Тоа е еден шок во којшто никој не би поверувал.“

Тој се присетил и на анегдота поврзана со панонскиот морнар и на денот кога добил повик од Јосип Броз Тито:

„Беше поканет кај Тито, но таков каков што беше, отиде во џемпер и во патики. Луѓето од обезбедувањето не можеа да веруваат. Почнаа да го бркаат за да го преслечат, но тој не сакаше, ја истера својата мисија до крај!“, се присетил Миња Субота.

Последно интервју на Балашевиќ за „Бекстејџ“ во неговиот дом: „Датумот на производство ми е стар, но добар сум!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.