Арнолд Шварценегер во домашен карантин со пони и магаренце (ВИДЕО)

Тие му прават друштво

Поради пандемијата на коронавирусот КОВИД-19, властите ширум планетата апелираат луѓето, посебно оние повозрасните, да не излегуваат од своите домови за да се спречи заразата со вирусот.

Па така, додека Леди Гага седи дома и се дружи со своите кучиња (повеќе информации можете да прочитате ТУКА!), на славниот актер Арнолд Шварценегер, кој е во самоизолација, друштво му прават неговите миленичиња – пони и магаре.

Останете дома колку е можно повеќе. Слушајте ги експертите, игнорирајте ги мороните. Ќе поминеме низ ова заедно”, порача Шварценегер на својот твитер-профил.

Актерот во своето видеообраќање истакна дека посебно старите луѓе не треба да излегуваат надвор, притоа, галејќи ги и хранејќи ги со моркови своите невообичаени миленичиња.

Фото: Твитер, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.