Антонио Бандерас на црвениот тепих со две прекрасни дами: Која му е девојка, а која му е ќерка?!

Доделување на „оскари“

Ако не го следите приватниот живот на актерот во детали, ситуацијата не е сосема јасна на прв поглед

Легендарниот актер и познатиот заводник Антонио Бандерас (59) синоќа на доделувањето „оскари“ го привлекол сето внимание појавувајќи се во придружба на две прекрасни дами – ќерката Стела (23) и девојката Никол Кимпел (38).

https://www.instagram.com/p/B8YcW-lotLn/

Здогледувајќи ја прекрасната и 21 година помладата Никол, многумина коментирале дека и таа лесно би можела да му биде ќерка, па за оние што не го следат внимателно животот на холивудската ѕвезда и не е сосема јасно која од двете млади дами му е ќерка, а која му е партнерка.

https://www.instagram.com/p/B8YXdYQJcum/

Антонио ја добил ќерката Стела во бракот со актерката Мелани Грифит, од која се развел во 2015 година.

Неговото срце по разводот го освоила Никол, која го шармирала со убавината, интелигенцијата и аристократското држење.

https://www.instagram.com/p/B8XyxJznbhL/

Освен изгледот, харизмата и карактерните особини што го освоиле, на актерот му се допаѓа и тоа што Никол не му припаѓа на светот на познатите – се занимава со инвестициско банкарство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.