Антонио Бандерас искрено за бившата сопруга: „Ќе ја сакам до смртта!“

Мелани Грифит е неговото семејство

Во разговорот за американскиот магазин „Пипл“, Антонио Бандерас (59) призна дека секогаш ќе ја сака својата сопруга, актерката Мелани Грифит, со која беше во брак 20 години.

Мелани веќе не е моја сопруга, но ја сметам за мој најдобар пријател. Ја сакам и ќе ја сакам до смртта! Таа е моето семејство“, изјави актерот.

Инаку, Антониот и Мелани ја имаат 23-годишната ќерка Стела, за која вели дека ја наследила нивната креативна црта.

Стела е писателка по природа. Од мала се вљуби во книгите и ужива во случките зад камерите“, признава актерот, кој со Мелани учествуваше во воспитувањето  на нејзините деца од претходните врски, ќерката Дакота Џонсон и синот Александер Бауер.

Секогаш бев тука за нив бидејќи ја сакам нивната мајка и за мене го претставуваа најважниот нејзин дел. Набрзо и самите го сфатија тоа. Ме викаа Папонио, што е мешавина од татко и Антонио“, раскажува Бандерас, кој и денес настојува со бившата сопруга да учествува во семејните рослави на празниците и на посебните пригоди.

Антонио Бандерас последниве години живее во Лондон со новата девојка Никол Кимпел, додека, пак, семејството му се наоѓа во Лос Анџелес.

Фото: Guliver/Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.