Анета Мицевска од „Молика“: „За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас!“

Она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“  која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели декаона што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око. 

Едно без друго не оди, тоа е факт. Сепак , пресуден е вокалот. Изгледот е минлив, но талентот е она што останува. Јас мојата кариера ја градев исклучиво на сметка на квалитет, да, се грижам и за изгледот, сакам да изгледам добро, но не сум оптоварена со тоа, искрена е пејачката која уште ја нарекуваат и македонската Витни Хјустон поради своите вокални способности.

Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им е букиран и работат, а се чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

За најлудата ноќ во годината, односно за Нова Година пејачката ќе ги забавува нашинците во Швајцарија.

Фото: Фејсбук

Автор: Јасмина Арсова

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.